Се вчитува
Ве молиме почекајте...
Fall/Winter 2016
Инспирирана од ноќта и гламурот која го носи, новата колекција наречена “На полноќ” е нешто најново од дизајнерката Антонија Ристовска. Ноќта во зима има некоја своја магија која буди посебни чувства. Снежната прекривка на дрвата, одсјајот на месечината од улиците, небесните ширини после првиот снег... Тој спектар на студени бои е инспирацијата за оваа колекција наменета за модерната жена која е моја вечна инспирација. Романтизмот кој е карактеристичен за нашето ателје се појавува овојпат преку нежните силуети и кроеви кои се нагласени со тенко каивче со мини машна – како заштитен знак за оваа колекција – вели дизајнерката. Колекцијата се состои од креации изработени од најпрефинети италјански материјали со богати текстури. Кроевите застапени се здолништа и сакоа во стилот на 50тите, свилени кошули, фустани кои ја нагласуваат женственоста, како и капути со интересен крој. Моделите се надополнети со рачно изработен вез со бисери и светки во сребрена и бела боја. Парчињата можат меѓусебно лесно да се комбинираат, а се наменети за вечерни коктел забави и свечености. Боите кои доминираат во колекцијата се снежно белата, сребрената и нијанси на сина. Креациите се надополнети со рачно изработен накит – ланчиња и обетки изработени од ланци, кристали и бисери, како и венчиња од свилена органза и светки кои го надополнуваат целосниот изглед. Фото: Ани и Дими Модели: Елена Гугоска и Јана Јосковска Шминка: Студио Даниел Николовски Фризура: Студио Би Ју