• За нас
    • АНТОНИЈА РИСТОВСКА
    • АТЕЛЈЕ АНТОНИЈА РИСТОВСКА
  • Колекции
    • Едиторијали
      • ПРОЛЕТ/ЛЕТО 2018
      • есен/зима 2017
      • есен/зима 2016
      • ПРОЛЕТ/ЛЕТО 2015
      • Печатени блузи 2014
      • ПРОЛЕТ/ЛЕТО 2014
      • есен/зима 2013
      • есен/зима 2012
      • ПРОЛЕТ/ЛЕТО 2012
      • есен/зима 2011
      • ПРОЛЕТ/ЛЕТО 2011
      • есен/зима 2010
      • ПРОЛЕТ/ЛЕТО 2008
    • Ревии
      • ПРОЛЕТ/ЛЕТО 2014
      • есен/зима 2013
      • ПРОЛЕТ/ЛЕТО 2013
      • есен/зима 2012
      • пролет/лето 2012
      • ПРОЛЕТ/ЛЕТО 2012 Галерија 8
      • ПРОЛЕТ/ЛЕТО 2011 Приштина МВ
      • пролет/лето 2011 Битола МВ
      • есен/зима 2006
      • ПРОЛЕТ/ЛЕТО 2005
      • ПРОЛЕТ/ЛЕТО 2004
      • есен/зима 2004
  • Венчални фустани
    • Едиторијали
      • Венчални фустани колекција БЕСКОНЕЧНОСТ 2020
      • Венчални фустани колекција DENICA 2019
      • Венчални фустани колекција WHITE IVY 2018
      • Венчални фустани колекција MORNING DEW 2017
      • Венчални фустани колекција BLOOM 2016
      • Венчални фустани колекција GARDEN 2015
      • Венчални фустани колекција 2014
      • ЕДИТОРИЈАЛ “ВЕНЧАВКА” 2011
      • Венчални фустани колекција 2010
      • Венчални фустани колекција 2007
    • Од колекции
  • КЛИЕНТИ
    • Венчални фустани
    • Фустани
    • Познати
  • Видео
  • Прес
    • Портали
    • Дневен печат
    • Неделници
    • Месечници
  • Контакт
  • English
  • Македонски

Антонија Ристовска

 

 

Ја негуваме елеганцијата и гламурот кај жената од 1994.

Модата е состојба на постоење; кои сте, што претставувате и вашите најдлабоки мисли и чуства. Тоа е место каде стилот ја сретнува традицијата и каде креативноста нема граници и никогаш не престанува. Секоја личност со стил има своја дефиниција за модата, бидејќи да се има стил е индивидуален избор и е рефлексија на самата личност. Да носите нешто различно и со стил, значи да создавате мода. Тоа што треба да го знаете е како да ја носите облеката што е на вас и да ја носите со став. Има многу малку смисла во облекување на парче облека во која се чуствувате заробени. Тоа е како да ставите округол костим на триаголник, обидувајќи се да покриете нешто, крајниот впечаток е апсурден.

Најважната работа е да носите облека во која се чуствувате удобно, нешто кое најдобро ја изразува вашата личност и да дозволите вашата облека да биде ваша “втора кожа”. Вие можете да креирате мода. Се што треба е да изгледате единствени и различни од другите. Се што е различно е ретко. Дозволете да ви помогнам во тоа.

“Моите почетоци доаѓаат од моите потреби да ги изразам мислите и чувствата низ создавање и забава, но и од потрагата по магичното, имагинарното и убавото. Создавањето модна креација како применето уметничко дело има двојна спрега: дава животен импулс и нуди задоволство и на оној што го создава и на оној што го набљудува, односно го оживува и го носи.” – Антонија Ристовска

Антонија Ристовска е родена на 04 07. 1963 г. во Струмица. Своите афинитети кон модното креирање ги покажува од своја 14 годишна возраст. До 1994 г креирањето и е хоби, истражување и учење, а истата година го оснива и организира своето модно ателје во кое се изработуваат авторските колекциите и креациите за индивидуалните нарачки на своите клиенти.

Македонската народна уметност е посебен културен феномен пред кој неможе да се остане рамнодушен. Богатството на форми и изразни средства резултираат од емотивна и уметничка реакција на бурните културни и историски процеси, што кај креаторката Антонија Ристовска будат инспирација за создавање на современи креации кои носат печат на дел од македонското фолклорно богатство. Инспирирана од колоритот и орнаментиката на македонските народни носии, стилизиран и аплициран во еден миг на старото и новото, со користење на техники од минатото и сегашноста, создава креаци со особен белег на етно-гламур стил. Низ своето мисловно патување низ времето и просторот ги спојува минатото и иднината и создава современи креации со особен белег. Елементи од традицијата, ткаените платна, рачно изработената тантела, плисатурите, филигранот, везови со мониста и полудраги камења, рачно изработени апликации се дел од препознатливоста на креациите.

За својата постојана инспирација – дамата од денешницата, ги создава креациите кои во својот стил се елегантни, гламурозни и изработени од најпрефинети материјали.

Портфолио:

Колекција BALANCE E/З 2017 – Октомври 2016, Медиумско претставување со фотосесија
Колекција BLOOM 2016 – Медиумско претставување со фотосесија
Колекција НА ПОЛНОЌ Е/З 2016 – Декември 2015, Медиумско претставување со фотосесија
Колекција ГАРДЕН П/Л 2015 – Март 2015, Медиумско претставување со фотосесија
Колекција АРТ ЕН ДЕКО П/Л 2014 – Април 2014, Скопје Капитол Мол
Колекција ИНСТИНКТ Е/З 2013/14 – Октомври 2013, Моден Викенд Скопје
Колекција ЕКВИЛИБРИУМ П/Л 2013 – Април 2013, Моден Викенд Скопје
Колекција ЕГИПТОМАНИЈА Е/З 2012/13 – Октомври 2012, Моден Викенд Скопје
Колекција НЕРЕИДИ П/Л 2012 – Април 2012, Моден Викенд Скопје Ревија на Модна недела Приштина, Косово, 2011
Колекција РАПСОДИЈА НА ГЛУВАРЧИЊАТА П/Л 2011 – Модна недела Битола
Колекција ВЕНЧАЛНИ ФУСТАНИ СО ФИЛИГРАН, 2010
Колекција ПРВА ДАМА Е/З 2009/10 – Медиумско претставување со фотосесија и ТВ ревија
Колекција БЕЛА 2008 – Саем за венчавки, Александар палас, Скопје
Колекција ВИНОЖИТО П/Л 2008 – Медиумско претставување со фотосесија
Колекција УРБАНА НЕВЕСТА 2007 – Саем на венчавки, Александар палас, Скопје
Колекција ТОП 20 Е/З 2006/07 – Самостојна ревија, Музеј на град Скопје Ревија во До-До клуб 2005 – Истанбул, Турција
Ревија на Матуранти 2005 Куршумли ан, Скопје
Колекција Родена 2005 Fashion wеек, Скопје
Колекција Жуборења 2004 – Fashion wеек, Скопје
Колекција Боите на есента 2003 – Fashion week, Скопје
Тема Хистерија 2002 – Музеј на современа уметност Скопје

Изработени бројни креации за избори на Мис, познати личности од јавниот и културен живот и за нејзината бројна клиентела.

 


Copyright © 2016 Antonija Ristovska All rights reserved